мај 5, 2026

Фулам ја прекина победничката серија на Арсенал во Премиер лигата. Тимот од Западен Лондон остана непоразен против „Топџиите“ на домашен терен во меч кој заврши со резултат 1:1.

Натпреварот мина во целосна доминација на Арсенал, но не успеа да освои три бода.

Домашните поведоа во 11. минута практично по првата сериозна акција. Стрелец беше искусниот Мексиканец Хименез.

Во 52. минута Французинот Салиба по додавањето на Каи Хаверц го израмни резултатот на 1:1. До крајот на натпреварот гостите имаа иницијатива, но резултатот не се менуваше. Сака постигна гол во 88.минута кој беше поништен поради офсајд.

Спектакуларни завршници беа забележани на преостанатите два натпревари во неделата попладне. Лестер до 89. минута губеше со 2:0 на домашен терен од Брајтон, за кој стрелци беа Лампти и Минте. Сепак, Варди и Де Кордова Рид им донесоа бод на „Лисиците“.

Борнмут направи чудесен пресврт против Ипсвич. До 89. минута губеше со 1:0, а потоа со головите на Унал во 89. и Утара во 95. го освои три бода.

Share

The post (Видео) Фулам го запре Арсенал, спектакуларни завршници во Ипсвич и Лестер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK