мај 5, 2026

Чествувањата по повод Св. Климет Охридски – Патрон на градот ги продолживме денес најпрвин со присуство на Света литургија, а потоа со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште.

Централниот настан се одржа на Градскиот плоштад каде заедно со делегациите од збратимените и пријателски градови, како и делегациите од институциите во градот, политички партии, здруженија и поединци положивме свежо цвеќе и се поклонавме пред споменикот на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид.
Во рамки на централната манифестација ги доделив и наградите на добитниците од ученичкиот литературен конкурс што го распиша Општина Охрид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK