мај 4, 2026

Динамо Загреб буквално ќе биде осакатен на натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите против Селтик на „Максимир“.

Динамо, вечерва, ќе го одигра веројатно клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион е на 23. место со седум бодови, додека Селтик е на 20. позиција со бод повеќе.

Првите осум места водат директно во осминафиналето, додека пласманот од 9 до 24. место води во плеј-офот.

Динамо по натпреварот со Селтик има натпревари против Арсенал (во Лондон на 22 јануари) и Милан (на Максимир на 29), поради тоа натпреварот против шкотскиот гигант може да биде исклучително важен за пласман во плеј-офот.

Тренерот Ненад Бјелица во последните недели имаше огромни проблеми со повредите. Против Селтик не може да смета на Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Иван Невистиќ, Такуја Огиваре, Петар Сучиќ, Мауро Перковиќ, Јосип Мишиќ, Хуан Кордоба и исфрлениот Сами Мае.

Стандардниот стопер Раул Торенте се уште е неизвесен, а Мартин Батурина би требало да настапи и покрај малата повреда.

Во аут е и Стефан Ристовски, но тој ќе биде достапен против Шкотите. Саде Моарами нема право на настап, бидејќи не е пријавен за оваа фаза од Лигата на шампионите.

-Повреди? Така беше и пред натпреварот со Славен Белупо. Адеми нема да игра, не сум сигурен за Торенте. Во тимот се враќаат Стефан Ристовски и Марко Рог. Во тимот ќе бидат неколку јуниори, а ќе имаме во составот 15 професионалци“, рече тренерот на Динамо, Ненад Бјелица.

Динамо од 18 часот и 45 минути го пречекува Селтик на „Максимир“.

Share

The post Динамо во сериозни проблеми пред Селтик, не може да смета на 13 фудбалери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK