мај 4, 2026

На 09.12.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од село Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопштија од полицијата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирани дека целосно биле опожарени товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со приколка, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка, додека делумно било опожарено товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post МВР со детали за камионите кои синоќа изгореа на Качанички пат appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK