мај 4, 2026

Во периодот 1-10 декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 25 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што го прекршиле Законот за јавна чистота, односно се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир,  Аеродром и Кисела Вода.  

Најголем дел од активностите на Еко-патролата се одвиваа во општината Чаир, каде што се врачени 11 едукативно-информативни записници.

ЈП Комунална хигиена-Скопје од почетокот на месецов спроведе и интервентни патролни дежурства на седум локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад,  од коишто три се реализирани во општината Чаир, две во општината Центар,  додека во општините Карпош и Гази Баба е реализирано по едно интервентно дежурство на Еко-патролата.

The post Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачи вкупно 25 записници од почетокот на месецов appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK