мај 4, 2026

Џеј Зи и Бијонсе се појавија на премиерата на Mufasa: The Lion King само еден ден откако раперот беше обвинет за силување.

Тие прошетаа на црвениот тепих во Лос Анџелес, а Бијонсе постојано се смешкаше. Нивната ќерка Блу Ајви Картер го даде гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала, во Муфаса. Гласот на Симба беше Доналд Гловер, а Нала Бијонсе.

Неочекуваното појавување на Џеј Зи на црвениот тепих доаѓа еден ден откако тој беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година заедно со Шон Комбс, попознат како Диди, на афтер-забавата на MTV Video Music Awards.

Тужбата беше поднесена уште во октомври, но тогаш само Диди беше наведен како обвинет. Сега е именуван уште еден обвинет, а тоа е Џеј Зи. Во тужбата се споменува и присуство на трета, славна личност, која сè уште не е именувана.

Share

The post По обвинувањата за силување, Џеј Зи со Бијонсе и ќерката позираа на премиера на филм appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK