мај 4, 2026

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кражба на автомобил, како и против дебранец за помагање.

– Кривична пријава е поднесена против албанскиот државјанин Г.И.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против Р.К.(20) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, на 26 минатот месец на главната улица во Дебар „Елена Ѓика“ (поранешна 8 септември), првопријавениот одзел паркирано патничко возило „рено клио“, сопственост на Р.Н. од селото Дебреше, по што му го продал на второпријавениот.

The post Кривична пријава против албански државјанин поради кражба на автомобил во Дебар appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK