мај 4, 2026

Околу 1.000 граѓани денес излегоа на протестен марш за чист воздух, организиран од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ во Скопје.

Протестот започна пред Министерството за животна средина, продолжи пред Собранието, а заврши пред Владата.

Под паролите: „Во Скопје живеат згради и коли, ние луѓето само се гушиме,“ „Кој десно, кој лево, сите се гушиме,“ „Воздух здравје и ништо помалку,“ „Буџетот е магично стапче за загадувањето,“ и „Уште ли за ова протестираме?“ граѓаните побараа брзи и ефикасни мерки за справување со аероагадувањето.

Години наназад Скопје е во првите 10 најзагадени градови, а проблемот е најсериозен за време на зимските месеци.

The post Граѓани на Скопје на протест против загадениот воздух appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK