мај 4, 2026

Второпласираниот тим во Серија А, Наполи, најмалку еден месец ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери, Хвича Кварацхелија.

Според италијанските медиуми, крилниот напаѓач од Грузија има повреда на лигаментите на десното колено, поради што мора да паузира.

Наполи не прецизираше кога Кварацхелија ќе се врати, но сигурно нема да биде на теренот до крајот на 2024 година и првите денови од 2025 година.

Хвича има три гола и пет асистенции на 17 натпревари за наполитанците оваа година. Тој пристигна во Наполи во сезоната 2022/23 и беше еден од најзаслужните играчи за освојувањето на титулата, која клубот ја освои по пауза од 30 години.

Share

The post Наполи еден месец без Кварацхелија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK