Александар Вествуд, актер од серијата „Сексуално образование“ на Нетфликс, беше прогласен за виновен за 26 сексуални престапи, вклучително и силување деца.
Обвинителите го опишаа како манипулатор кој ја користел својата позиција на авторитет како учител по глума за да најде жртви. Тие изјавија дека сексуалното злоставување е неговиот „начин на живот“.
Неговата најмлада жртва имала 10 години. Обвинителот Ендру зборуваше за две тинејџерки кои оделе во неговото актерско училиште. Биле принудени на најнедолични дејствија и со години биле систематски злоупотребувани.
Во периодот од ноември 2020 до септември 2021 година, осомничениот повеќепати силувал и сексуално малтретирал една од ученичките. Тој и рекол дека не смее да престане да доаѓа на неговите часови и ја натерал да потпише договор.
Актерот и рекол и дека доколку го прекрши, ќе мора да плати вртоглава сума пари. Познато е и дека принудил девојче да ја пие неговата урина.
The post Актер од серија на Нетфликс прогласен виновен за силување деца, направил 26 сексуални престапи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
