мај 4, 2026

Денеска (12.12.2024) во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла”, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција.

При преглед во возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак.

Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK