Англискиот актер, продуцент и режисер Џуд Ло доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
„Неверојатниот талент и посветеноста на Џуд Лоу на неговиот занает ја воодушевија публиката ширум светот“, изјави Ана Мартинез, продуцент на Булеварот на славните. Џуд Ло е 2.798-та личност која добила ѕвезда на патеката.
На церемонијата, режисерот Дејвид Ловери го пофали Џуд Ло за неговата работна етика и посветеноста на актерството.

„Тој никогаш не го прави истото двапати. Никогаш не го зема полесниот пат. На својата работа пристапува со понизност и љубезност, посветувајќи се до степен што би бил застрашувачки да не бил толку инспиративен“, рече Дејвид.
The post (Фото) Џуд Ло доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
