мај 3, 2026

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за поранешен генерален директор на Државна лотарија и поранешен вицепремиер, двајцата осомничени во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија, со цел, како што соопшти вечерва Обвинителството, притворската мерка да започне да се спроведува веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од слобода.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „проневера во службата“, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информира Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесени кривични пријави од МВР и од Управата за финансиска полиција, биле преземени повеќе дејствија. Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија“ во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг, која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK