мај 3, 2026

Ријана и нејзиниот долгогодишен партнер АСАП Роки беа фотографирани во Беверли Хилс за време на празничниот шопинг, а облеката на пејачката го привлече вниманието на многумина.

Таа комбинираше дуксер, долга бунда, шорцеви, долги бели чорапи, а она што предизвика најмногу коментари – обувки со циркони, кои се дел од колекцијата на брендот Simone Roche и чија цена е 166 евра.

Поради нејзината облека, на социјалните мрежи започна дискусија. Некои напишаа дека „може да носи што сака бидејќи сè и одговара“, а други пак дека таа „непријатно ги изненадила“ со својот моден избор.

„Инаку ја обожавам, но крокс и бунда?“, „Може и многу подобро“, беа само дел од коментарите.

Share

The post Ријана се прошета во Беверли Хилс, нејзиниот избор на обувки не им се допадна на многумина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK