мај 3, 2026

Бразилската инфлуенсерка Карол Розалин (25) е прогласена за сопственичка на совршеното женско тело според анализата на вештачката интелигенција.

Плејбој Австралија пишува дека вештачката интелигенција и ја доделила титулата „совршена десетка“ земајќи ги предвид факторите како симетријата, пропорциите, здравјето и физичката сила. Розалин својата фигура ја припишува на здравата исхрана и редовниот тренинг во теретана.

„За мене веќе е победа кога ги гледам резултатите во огледало. Неверојатно е чувството да те препознаат како жена во совршена форма“, изјави Карол за споменатиот магазин. Таа додаде дека почнала да тренира пред осум години, а денес тренира со тегови пет дена во неделата и секој ден посетува часови по аеробик.

Таа рече дека нејзината исхрана главно се состои од овошје, зеленчук, овесна каша и пилешко. За појадок, вели таа, јаде две пржени јајца, папаја, ананас, овес и цимет, а на крајот пие кафе.

Сепак, фитнес експертот Бен Лукас предупредува дека нејзината фигура не треба да се припишува само на тренинзите и исхраната.

„Генетиката и начинот на живот играат голема улога во обликот и типот на телото. Важно е да се нагласи дека има многу „совршени“ типови на тело. Мислењата се субјективни, а концептот за совршено тело сам по себе е релативен“, рече Лукас, додавајќи дека „ нема сите жените да изгледаат исто ако се држат до нејзиниот режим“. Инаку, Лукас е сопственик на студио за фитнес и јога во Сиднеј и има соработувано со бројни познати личности.

Share

The post Бразилска инфлуенсерка има совршено женско тело според вештачката интелигенција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK