декември 19, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 16 декември, кога полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје го запреле осомничениот за преглед. При проверката, кај него биле пронајдени над 100 полиетиленски пакувања со кокаин (вкупна количина од 161,29 грама), како и 25 пакувања хероин (вкупна количина од 44,01 грама). Покрај дрогата, запленети биле и пет мобилни телефони, дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од нелегална продажба на дрога.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот, а истрагата продолжува во насока на откривање на повеќе детали за неговите активности.

The post Запленета дрога и опрема за продажба: Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK