декември 19, 2024

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека санирањето на главниот цевковод во главниот град, кое е најавено за во сабота, нема да трае подолго од една обична санација на дефект.

– Од „Водовод“ веќе известија иницијално. Се работи за зафат кој има сложен и оперативен план и затворање на една од главните доводни цевки на магистралниот цевковод. Се прави еднаш во 50-60 години. Континуирано веќе една деценија се одложувало санирањето. Овој дефект е еден од четирите кои ќе се санираат во текот на викендот. За истото нема да има потреба од дотур на вода. Нема да трае подолго од една редовна санација на било кој дефект. Сите оние кои што од политички или било кои побуди сакаат да креираат неизвесност или страв меѓу населението, апелирам тоа да не го прават. Службите кои што работат во градот и согласно онаа студија за состојбите во која се магистралните цевководи, покажуват дека апсолутно ќе биде завршено во едно деноноќие. Нема да биде ништо надвор од сите останати процедури што ги имаме при санација на не толку сериозни дефекти низ градот, рече градоначалничката на прес-конференција пред акцијата за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош.

The post Нема да има потреба од дотур на вода, вели Арсовска за најавениот прекин во водоснабдувањето во Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK