декември 18, 2024

Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука, кажа организацискиот секретар на интегративците, Блерим Беџети во Дејли Клик. Додаде дека ДУИ ги почитува, прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа. А за тоа дека Груби не е во Македонија, Беџети вели дека не знае детали, но го повика екс-сопартиецот да се врати.
Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи станува збор за случајот со Лотарија за што зборуваме, не за претходното што спомнавме (црните листи), тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, носител на јавна функција, сите дилеми, ако тој кажува дека е чист или пак прекршил закон, да се констатира во органите и се надевам ден поскоро да се соочи, тој и многу други, изјави организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK