Пејачката и актерка Џесика Симпсон предизвика мешани реакции со новата фотографија која ја сподели на социјалните мрежи. „Едвај чекам да го слушнете саундтракот на мојот живот“, напиша таа во објавата.
На фотографиите таа позираше во бел свилен сет, а аутфитот го комплетираше со високи чизми и црна јакна. Џесика позираше во музичко студио. Сепак, нејзиниот изглед најмногу го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Многумина коментираа дека едвај ја препознале. „Не ја препознавам оваа личност“, „Ова не личи на Џесика Симпсон“, „Кој е тоа? Не ни сфатив дека е таа“, „Ти си целосно непрепознатлива“, напишаа тие. Некои ја споредуваа со сестрите Кардашијан и Парис Хилтон, а други дури и со Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот американски претседател.
The post Џесика Симпсон ги изненади фановите со нова фотографија, велат дека не личи на себе appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде