декември 18, 2024

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија.

Информацијата ја потврди и адвокатот, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK