декември 18, 2024

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во управувањето со клиниката.

Ја обвинуваат за сериозни пропусти и крајна деградација, особено во областа на бронхоскопијата. Се вели дека, по нејзиното назначување, бројот на извршени бронхоскопии паднал од 67 во 2023 година на само три во текот на 2024 година, што се смета за директно уништување на важна медицинска дејност која е клучна за лечење на децата.

Докторите обвинуваат дека директорката ја попречува нормалната работа на клиниката, нелегално разрешува стручни и искусни кадри, додека истовремено поставува на значајни позиции лекари без доволно искуство.

Во писмото се наведува и дека се менуваат дежурства без логика, а бројот на лекари во дежурства е значително намален, што ги става вработените во опасност и директно го загрозува здравјето на пациентите.

Покажете доблест и назначете директор кој ќе биде поддржан од лекарскиот колегиум. Таквиот чин многукратно ќе ве награди“, се заклучува во писмото.
Алфа Тв

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK