Наша револтирана читaтелка ни испрати реакција во која известува дека денес на неа и нејзиното 8 месечно бебе не и било дозволено да го напушти Дајмонд мол додека не направи сметка, иако истата се понудила паркингот да го плати во кеш.
Според она што го кажа нашата читателка поради нефункционалниот систем за наплата во молот се случувала вистинска драма, бидејќи додека нејзиното бебе било вознемирено и не можела да го смири таа била присилена да остане во молот и да оди во било која продавница со цел да направи сметка и на тој начин да излезе од молот.
Според кажаното од вработените, граѓаните кои го посетуваат молот и го користат паркинг просторот немаат можност да платат во кеш туку мораат да испазарат во некоја од продавниците и на тој начин да го платат паркингот.
Притисок за непланирани трошоци
Мајката била принудена да пазари од продавниците во молот за да добие потврда за бесплатен паркинг, со оглед на тоа што автоматите за наплата на паркингот не функционирале. Ова ја ставило во непријатна позиција, особено со оглед на тоа што бебето било вознемирено.
Овој инцидент отвора прашања за ефикасноста на услугите и односот кон потрошувачите во големите трговски центри. Се очекува Дајмонд Мол да даде објаснување и да преземе мерки за да се спречат вакви случаи во иднина.
The post Скандал во Дајмонд Мол: Мајка со 8-месечно бебе спречена да го напушти молот поради нефункционален систем за наплата appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде