ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М. (45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А. (45) од Скопје за пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.
Според информациите, првопријавениот со помош на второпријавената, во периодот од 1 до 13 декември 2024 година телефонски контактирал неколку лица, лажно претставувајќи се како јавен обвинител. Тој ги доведувал во заблуда оштетените дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје, барајќи од нив да платат 600 евра за да избегнат притвор.
На 13 декември 2024 година, А.М. ги довел во заблуда и С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор. Тој ги известил дека во продажен објект во Гевгелија се случило труење со храна на дете, при што побарал исплата од 1.000 евра.
ОВР Гевгелија продолжува со истрагата, а пријавените ќе се соочат со соодветни законски постапки.
The post Лажно се претставувал како обвинител и инспектор – Барал илјадници евра за да избегнат истрага appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде