декември 25, 2024

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело убиство. Обвинетото лице на 1 ноември со умисла ја убил својата вонбрачна партнерка во напуштен објект.

„Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Ја удирал со тупаници партнерката, а потоа ја задавил – 33 годишен штипјанец ќе одговара за убиство appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK