Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“.
„Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември.
Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата. Да ни се живи и здрави“, велат тие во објавата.
The post Позитив на денот: Две бебиња пингвини ја збогатија Скопската Зоолошка градина во Скопје appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде