декември 26, 2024

Соопштение на Град Скопје:

Изнесените тврдења во изминатите денови од Комората на музичка индустрија се целосно неточни. Градот Скопје нема договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја превземала Комората на музичка индустрија која учествувала на јавен повик на кој истакнала дека ќе организира настан финансиран од повеќе извори. За јавниот повик во град Скопје на кој Комората учествувала, претставникот на истата не пристапил да склучи договор ниту доставил документација за реализација на настан во согласност со условите на јавниот повик.

За овие постапки на Комората на музичка индустрија, градот Скопје нема вина, напротив за одговорното лице во Комората подготвува тужба за утврдување на одговорност и за проверка на начинот на финансирање на активности преку надлежните институции со цел превенција на идни злоупотреби.

Ги упатуваме сите уметници и останати лица кои се изиграни од страна на претставникот на Комората како организатор со кој имаат склучено договор, да покренат кон Комората постапки за наплата согласно меѓу нив утврдените услови и апелираме да не се потпаѓа под политички или било какви други манипулации во обид на претставникот на Комората со изнесување невистини да избегне одговорност за овој случај

The post Град Скопје демантира: Немаме ние договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја преземала Комората на музичка индустрија appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK