Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека Финансиската полиција спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.
На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено едно лице, Ивановски одговори потврдно.
-Да, точно е, Финансиската полиција уапси едно лице поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.
МИА се обрати и до Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, од каде ни посочија дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.
Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.
За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. (МИА)
The post Финансова спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде