Општина Центар, в петок, 27 декември, организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“.
„В петок, во 11 часот, почнува предновогодишно дружење со хорот ‘Златно славејче’ и хорот од ООУ ’11 Октомври’, при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан предвидено е обраќање на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.
Вечерта, во 20 часот, ќе почне предновогодишниот концерт „Вечер под ѕвездите“ со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележа годината. Настанот ќе почне со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации ‘Нокаут’ ќе ги отпее хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на ‘Боемска 1’“, вели Герасимовски.
The post Герасимовски: В петок предновогодишна забава на „Боемска 1“, концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде