Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.
Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон.
Првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет.
Сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од генералниот спонзор на маратонот „Wizz Air“.
The post Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025 appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде