декември 27, 2024

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара (25) по лошо се сеќава на стоперот на Лас Палмас, Скот Мекена (28). Грабара и Мекена беа соиграчи во Копенхаген, Данска, во втората половина од минатата сезона. Грабара се пресели во Волфсбург летото, а Мекена во Лас Палмас. Грабара им откри на данските медиуми дека Мекена е најлошиот фудбалер со кој играл во кариерата:

„Скот Мекена е најлошиот фудбалер што некогаш сум го видел во мојот живот. Тој сега игра за Лас Палмас. Не знам како. Тој е најлошиот фудбалер со кој сум играл и едноставно немав трпение за него“, рече полскиот голман и додаде.

„Имав ситуации на тренинг кога работевме некои вежби и тој тоа го правеше три пати на свој начин. Четвртиот пат му реков да не го прави така, а петтиот пат повторно го направи истото. Не можев да го поднесам. Имаше мали и големи расправии и јас едноставно не можев да издржам, а тој не се однесуваше со мене како со пријател, а тој беше единствениот со кој не сакав да тренирам и разговарам“.

Грабара од Копенхаген се пресели во Волфсбург за 13,5 милиони евра. Мекена во Копенхаген пристигна на позајмица од Нотингем Форест, а летово по истекот на договорот се пресели во Лас Палмас. За шкотската репрезентација има 39 натпревари и еден гол.

Share

The post Голманот на Волфсбург за Мекена: Не знам како тој игра во шпанската Ла Лига appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK