Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат.
Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Измамена скопјанка за 45 илјади денари: се претставил дека е полицаец и ѝ кажал дека ќерка и направила сообраќајка со смртни последици appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде