мај 2, 2026

Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса што се одржа во Сандрингем, а меѓу присутните беа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните деца.

По мисата, на социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како Кејт разговара со толпата која дошла да ги поздрави членовите на кралското семејство. Меѓутоа, за тоа време, принцот Вилијам и неговите деца ја чекале Кејт, која се поздравувала и добивала подароци.

Кога сфатила дека ја чекаат принцот и децата, се пошегувала и рекла: „Се чувствувам како да го изгубив семејството“.

На видеото се гледа како принцот Вилијам го крева телефонот, а многумина коментираат дека е можно тој да и се јавил на Кејт за да и каже да побрза. Некои забележале дека еден од обезбедувањето, кој стоел зад Кејт, исто така зборува на својот мобилен, па се посомневале дека Вилијам му се јавил со упатства да побрзаат.

Кејт и принцот Вилијам не им се придружија на кралот и кралицата на традиционалниот предбожиќен ручек во Бакингемската палата. Исто така, принцот Ендру, кој беше поканет, не присуствуваше на овој ручек.

Share

The post (Видео) Вилијам и децата ја чекаа Кејт, таа се пошегува на своја сметка: „Изгледа го изгубив семејството“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK