мај 2, 2026

Тренерот, Хулен Лопетеги изјави дека голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански бил свесен и разговарал со него, откако бил однесен на носилки во првото полувреме од натпреварот со Саутемптон. Фабијански имал жесток судар со противнички фудбалер.

Дефанзивецот на „светците“, Нејтан Вуд налета на полскиот голман откако овој веќе расчисти една нафрлена топка пред неговиот гол во 29. минута.

Вуд доби жолт картон поради невнимателниот потег, а Фабијански откако седум минути му се укажуваше помош беше изнесен од теренот на носилки, а на лицето имал маска за кислород.

Лопетеги потврди дека голманот не бил хоспитализиран, туку останал на стадионот каде Вест Хем дојде до победата со голот на Џерод Бовен во 59. минута.

„Доби силен удар во главата, во вратот и не беше многу свесен за своите постапки. За среќа, тој зборува, буден е и свесен“, изјави Лопетеги.

Share

The post Фабијански се чувствува добро по повредата со која се здоби на „Сент Мери“ стадионот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK