Откриени се онлајн казина кои ги намамале децата во Велика Британија преку популарната видео игра.

Во Велика Британија е откриена мрежа на нелегални онлајн казина кои им овозможуваат на децата да се коцкаат со користење на нивните сметки за популарната детска видео игра Roblox, јавуваат британските медиуми.

Нелегалните онлајн казина користат една од најпопуларните видео игри во светот за да ги намамат децата на возраст од 12 и повеќе години на коцкање, откри Sky News.

Децата кои остваруваат профит на овој начин можат да го земат во форма на криптовалута, а потоа да го претворат во готовина.

По откривањето на Скај њуз, британската комисија за коцкање отвори итна истрага за случајот и блокираше онлајн казина кои ја користеа популарната видео игра за злоупотреба.