Поранешниот голман на Манчестер jунајтед Бен Фостер зборуваше за Маркус Рашфорд и неговите перформанси оваа сезона.
Фостер настапуваше и за репрезентацијата на Англија, а најголема трага остави во тимот на Вест Бромвич Албион.
„Маркус Рашфорд… Толку многу луѓе зборуваат за него, велат дека тоа ќе биде негов ден, но тој ден доаѓа на секои десет натпревари. Не можете да си дозволите да имате луксуз да имате играч кој игра еден од десет натпревари ќе одигра добро. Тој мора да го напушти Манчестер јунајтед, мислам дека тоа е МЛС за него, или нешто слично“.
Фостер смета дека Рашфорд сега не вреди ниту 10 милиони фунти.
„Луѓето зборуваат за 40 милиони фунти. Или за 10 милиони фунти… Мислам, јас не би платил ни 10 милиони толку за него“, изјави Фостер.
The post „Рашфорд не вреди ни 10 милиони фунти“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде