декември 28, 2024

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, вчера во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Л.У., а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

The post Уапсен охриѓанецот кој со нож се обидел да убие маж во казино во Охрид appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK