декември 28, 2024

Бесплатниот јавен превоз за студенти официјално ќе продолжи од први јануари, информираа попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) за Мета.мк.

Ваквата информација доаѓа по низата објави (1,2,3)на Новинската агенција Мета за неизвесноста во која се најдоа студентите поради препирките помеѓу претпријатието и централната власт.

Освен студентите, одлучено е дека се продолжува бесплатниот јавен превоз и за пензионерите.

„Ќе продолжиме да ги заверуваме билетите за студентите и пензионерите. ЈСП Скопје ќе ја продолжува важноста на картичките и за наредната година“, велат од ЈСП.

Од таму додаваат дека денеска ќе испратат допис до центрите за персонализација на ЈСП оти билетите за овие две категории корисници на јавен превоз ќе може да се продолжуваат.

The post ЈСП: Бесплатниот јавен превоз ќе важи и во јануари, студентите и пензионерите од утре може да ги продолжуваат билетите appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK