декември 28, 2024

Ветените нови 1.200 нови вработувања на среден медицински персонал од владината програма, со кои ќе треба да се осети подобрување на услугите во јавното здравство, ќе се реализираат во јануари, според најавите на министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој рече дека одлуката го поминала владиниот филтер и добиена е согласност од Министерство за финансии, а конкурсите ќе се распишуваат во јануари

– Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања. Очекувам тоа да биде готово до средината на јануари, рече Таравари кој беше во посета на Општата болница во Гостивар.

Тој додаде дека во фокусот на буџетите на здравствените установи ќе бидат човечките ресурси, бидејќи без кадар „не се потребни нови болници и опрема“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK