декември 29, 2024

Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија.

Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град, девојчето било запрено од пензионерот кој и’ упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и’ рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила.

„Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино“, велат од полицијата.

М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пензионер сопрел малолетничка и ја канел во ресторан, кога го одбила и’ рекол дека пак ќе ја бара appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK