Попладнево околу 16 часот се запали сува трева на неколку места на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес.
Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, пожарот кај нив бил пријавен од граѓани во 16.03 часот, а екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес веднаш излегла на терен и за неполни 30-тина минути го изгаснале огнот, со што спречиле да се прошири кон блиската борова шума кај Филтер станицата за вода.
The post Експресно изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде