мај 1, 2026

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес, кога наишле на дрвокрадците кои физички ги нападнале.

По информацијата за случајот од МВР, Обвинителството објави дека повело постапка против тројца од четворицата осомничени, откако стана јасно дека четвртото лице е малолетно.

„Тројцата, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја, со употреба на сила и сериозна закана спречиле тројца припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи. Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот“, се вели во детлите од Обвинителството.

За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

The post Детали за случајот со дрвокрадците во Велес: Со нож ги повредиле полицајците appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK