Илон Маск на социјалната мрежа Х објави дека сателитската интернет мрежа Starlink сега е достапна во Косово.

„Starlink во Косово“, стои во објавата на Маск на платформата X, а тоа го потврди и официјалната страница на Starlink.

Властите во Косово во 2021 година и дадоа дозвола на американската компанија Starlink да обезбеди сателитски интернет на територијата.

Starlink е достапен во Македонија од јуни 2022 година.

Се очекува во текот на 2025 година Starlink да биде достапен во Србија, како и во Црна Гора.

Starlink обезбедува сателитски интернет услуги во повеќе од 100 земји низ светот, а компанијата има над 6.000 сателити лоцирани во ниската Земјината орбита.