Жителите на улиците „Мирка Гинова“ и дел од „Орце Николов“ позади гимназијата „Орце Николов“, веќе три дена се целосно без парно греење. Проблемот почнал пред една недела кога водата од системот се намалувала за во петокот целосно да застане греењето. Помош побарале од надлежните од ЕСМ каде им одговориле дека работат на решавање на проблемот, но жителите тврдат дека на терен нема ништо од тоа. Оваа мака ја имале и минатата година во исто време. Сега се греат на струја и прашуваат кој ќе ја плати испуштената вода од системот.
„Од петокот немаме греење. Јас цела недела се обидувам да ѕвонам на телефонскиот број кој е за грижа за потрошувачи и тие ми велат дека се работи на дефектот. Како се работи кога гледам дека тоа што ископаа кај комшијата не го довршија ниту вчера ниту денес. Јас не знам дали тие воопшто имаат дежурни служби. Сите овде што сме приклучени немаме греење. Навистина ова е катастрофа. Не оставија три дена без греење. Болни луѓе сме ќе смрзнеме“, вели жителка.
Во исто време, во населбата Лептокарија пукната цевка во шахта предизвика огромно излевање на вода, која со денови непрекинато тече. Граѓаните се револтирани, бидејќи од Водовод добиле совет да си купат водомер, наместо итно да се санира дефектот.
„Во петокот сабајле од шахтата протече вода. Ги повикавме од Водовод, дојдоа неколкумина, ја испразнија водата и кажаа дека саатот е пукнат, треба сами да си набавиме нов, а тие бесплатно ќе ни го заменат“, вели Борче Давитковски, жител на населба Лептокарија.
Додека се ближат новогодишните празници, нервозата кај граѓаните расте, бидејќи основните потреби за топлина и вода остануваат нерешени.
„Сега не ми е јасно таа вода што се испушташе од цевките како ќе ни се фактурира на нас. Тоа не треба да влезе во новата фактура“, прашува жителката.
Целиот текст прочитајте го на Телма со клик ТУКА.
The post Мрзнат без греење, газат во вода – жителите од Орце Николов и Лептокарија во мака appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде