јануари 11, 2025

Хуман третман на лицата лишени
од слобада е клучен приоритет❗
Казната затвор не е само некој да се лиши од слобода и да биде заборавен, туку дека треба да се работи на негова ресоцијализација, реинтеграција, пост-пенална грижа и поддршка.
Директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски и заменик директорот на КПУ Затвор Скопје, Африм Идризи со заложба на Отец Metodija Mitanovski од Црквата ,,Св.Петар и Павле”-Горно Лисиче и Христијан Бузалковски им овозможија на најранливата категороја на лица лишени од слобода при посета од нивните семејства да подарат новогодишни пакетчиња на своите деца по повод Новогодишните празници.
Бидејќи третманот не им овозможува тоа да го направат во своите домови, со овој хуман гест се испочитуваа човековите права на лицата лишени од слобода со цел
еднаков третман во заедницата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK