Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја совлада Линда Носкова од Чешка со 6-3, 7-6 во финалето на првиот од двата турнири во австралискиот град Аделаида со награден фонд од 775.400 евра.
Сабеленка беше втора носителка на турнирот во Аделаида, а со триумфот над Носкова ја освои својата 11 ВТА титула.
За белоруската тенисерка ова беше 19 ВТА финале, додека Носкова претрпе пораз во своето прво финале до кое дојде со сензационален триумф во полуфиналето над втората светска тенисерка и прва носителка на турнирот во Аделаида, Онс Џабур.
Следете не, не има насекаде