Лондонски Челзи викендов официјално објави дека потпишал договор со талентираниот 20-годишен напаѓач Давид Фофана, кој го привлече вниманието на премиерлигашот со своите одлични настапи за норвешки Молде.
Челзи објави дека со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е потпишан договор до јуни 2029 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Фофана доаѓа во Челзи од редовите на норвешкиот прволигаш Молде каде на 65 натпревари постигна 34 голови, додавајќи и десет асистенции.
Фофана е силно, но не и единственото засилување на Челзи овој викенд, бидејќи клубот од Лондон соопшти дека го донел во своите редови и 18-годишниот играч за врска Андреј Сантос од бразилски Васко де Гама.
Следете не, не има насекаде