И покрај тоа што 2024 година беше опишана како „потивка“ година за индустријата за видео игри, голем број успешни наслови потврдуваат дека гејминг сцената е многу жива.
Valve објави кои игри биле најмногу играни и продадени на Steam во 2024 година. Иако не се објавени точните финансиски податоци, игрите се класифицирани во четири категории според кои може да се процени нивниот успех.
- Платина: 1. – 12. место
- Злато: 13. – 24. место
- Сребро: 25. – 50. место
- Бронза: 51. – 100. место
Во категоријата платинести наслови, според остварениот приход, доминираат веќе популарните игри кои постојано се во развој, како Apex Legends, Counter-Strike 2, PUBG и Destiny 2. Меѓу премиум насловите, кои се однесуваат на високобуџетни игри со богата приказна, напредна графика и гејмплеј, високите позиции ги заземаа Black Myth: Wukong, Baldur’s Gate 3 и Elden Ring.
Што се однесува до категоријата нови игри, платинести позиции ги зазедоа насловите како Path of Exile II, Helldivers 2, Call of Duty: Black Ops 6 и гореспоменатиот Black Myth: Wukong. Valve конкретно посочува дека критериумите за влез во платинската категорија на нови наслови се базираат на приходите остварени во првите две недели по објавувањето на играта.
Категоријата на игри со најголем број на истовремени играчи, над 450.000, вклучува игри како што се Apex Legend, Counter-Strike 2 и Marvel Rivals. Ова се игри кои привлекуваат играчи поради честите ажурирања на содржината и конкурентната игра. Имаше и некои премиум игри, како што се Helldivers 2 и очигледно непропустливите Black Myth: Wukong и Elden Ring.
Детална листа на сите категории и игри е достапна на официјалната страница на Steam.
The post ВИДЕО: Ова се најуспешните игри во 2024 година appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде