Во Загреб и на Крк се снима филмот „Странци во ноќта“ кој раскажува приказна за геј партизаните. Меѓу актерите кои глумат во филмот е и Емир Хаџихафизбеговиќ, пишуваат локалните медиуми. Филмот е во режија на Ивонa Јука, а продуцент е Анита Јука.
Филмот требаше да биде готов пред неколку години под наслов „Мојот приватен воен злосторник“, а потоа се пишуваше и дека филмот ќе се вика „Атмосфера“. Хрватскиот аудиовизуелен центар за овој филм уште во 2017 година издвоил 3,7 милиони куни, но снимањето се одложувало неколку пати.
Според првичната идеја, приказната на филмот требала да раскаже за двајца војници хомосексуалци за време на војната во ’90-тите, но подоцна сценариото е изменето и приказната е преместена во Втората светска војна.
За сега не се знае кога ќе заврши снимањето на филмот, ниту кога ќе има премиера.
The post Во Хрватска се снима филм за геј партизани appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде