декември 25, 2024

Инес Губерниќ (24) од Скопје го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“ и со шест гласа се пласираше во следниот круг. Таа ги испеа „Хајде онда ништа“ од Тијана Богичевиќ и „Као да ме нема“ од хрватската група „Вана“ и доби најмногу аплаузи од Цеца и Марија Шерифовиќ.

„Како ги погодува овие тонови со полн глас“, рече Марија додека Инес ја пееше првата песна.

„Имаше малку трема, тоа се виде по ставот на телото и кога пееше високо вибрато, се осети дека тоа те излудува, ама ти девојче одлично пееш, секоја чест. Заборави на тремата што те парализира, зашто само така ќе го покажеш талентот што ти го дал Бог“, ѝ кажа Цеца.

Дури и Босанац ѝ искоментира дека во првата песна била одлична. „Ти си бескрајно музикална, иако имаше и неточни тонови. Сакате да покажете сè во една песна, и тука сите знаете да се лизнете“, рече тој.

Тремата на Инес ја забележаа и Вики и Марија Шерифовиќ, па и двете ѝ дадоа совет да работи многу со својот ментор и да стекне самодоверба на сцената. На крајот, Инес ја избра Марија за свој ментор.

Настапот на Инес почнува на 9:43.

 

The post (Видео) Инес од Скопје и покрај тремата го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK