јануари 9, 2025

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност

Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност.

Искуство и достигнувања
▪ 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка.
▪ Основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт.
▪ Преку 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозе.
▪ Пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.

Центар за ендоваскуларен третман на проширени вени – единствен во Македонија.
Во склоп на Болница Плодност, овој центар ќе нуди најсовремени методи за третман на венски заболувања, прв од ваков вид во земјата.
Под водство на д-р Бакрачески, пациентите ќе имаат пристап до најнови технологии и ефикасни процедури за лекување на венски проблеми.

Ендоваскуларни процедури:
▪ Радиофреквентна аблација на проширени вени
▪ Затворање со медицински адхезивен лепак (цианоакрилат)
▪ Склеротерапија со етоксисклерол
▪ Електрокоагулација на капиларни сплетови

Кардиолошки процедури:
▪ ЕКГ и ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална)
▪ Тестови на оптоварување (стрес тестови)
▪ Холтер мониторинг (за хипертензија и ЕКГ)
▪ Доплер на периферни артерии и вени

Прегледи и консултации ќе се изведуваат секој понеделник и четврток, а наскоро и секој ден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK